Биографија
Биографија
Роден 1949 во Белград. Во 1982 година дипломирална Архитектонскиот факултет во Скопје. Студирал и Историја науметноста со археологија на Филозофскиот факултет во СкопјеНеговото творештвото опфаќа различни постапки и дисциплини:сликарство, сценографија,цртеж, колаж, асамблаж, инсталации,интервенции, акции. Со своите партиципативни проекти од 70-тите години на минатиот век, реализирани надвор од музејско-галерискиот систем, тој се издвојува како една од клучните фигурина концептуалниот дискурс во македонската уметност.Од 1980 до 1985 активно се занимава со сценографија. Заедно соКрсте Џидров работел сценографии за Театарската работилницапри Естетичката лабораторија на Филозофдкиот факултет во Скопје(1980-1982) како и сценографии за професионални театри, за штодобиваат и повеќе награди.Освен во Скопје, работел и живеел и на италијанскиот остров Каприкаде реализирал голем број на самостоjни камерни изложби.Умира 10 декември 2018 година во Скопје.
Симон Узуновски е клучната фигура на овие нови уметнички практики во нашата средина. Со своето уметничко дејствување Узуновски отвори еден сосема инаков пристап кон сфаќањето на уметноста, со што беа доведени во прашање воспоставените конвенционални јазични и естетски нормативи на традиционалните ликовни дисциплини“,
Узуновски беше активен на сцената речиси 50 години, а повеќе години работеше и живееше на италијанскиот остров Капри.
Најрадикалните уметнички пробиви Симон Узуновски ги оствари во втората половина на 70-тите години со реализација на редица изложби, акции и партиципативни просторни инсталации, како тие во аулата на Филозофскиот факултет (1977 и 1978 година) во рамките на активноста на Естетичката лабораторија, потоа во галеријата „Кора“ (1977 година), уличната акција (1977 година) и легендарната изложба/инсталација во подрумскиот простор на улицата „Максим Горки“ (1978 или 1979 година). Во 1984 година учествува на изложбата „Нови појави во македонската ликовна уметност во последната деценија“, одржана во Домот на младите „25 Мај“, Скопје. Истата година ја реализира својата самостојна изложба/амбиентална инсталација во Домот на младите „25 Мај“. Во 1994 во Музејот на град Скопје е прикажано неговото дваесетгодишно творештво, а во 1995, 1996 и 1997 година учествува на изложбите во Чифте амам. Од 2003 година зачестува неговото присуство во Музејот на современата уметност кога е дел од проектот „Идеја-тека“ (Избор на документи од концептуалниот дискурс во Македонија), „Невидливиот пејзаж“ 2013 година, „Солидарноста – недовршен проект“ (постојаната поставка), 2014 година и „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-тите и во 80-тите“, 2020 година. Со својата неуморна енергија, подготвеноста за акција и отвореноста кон вклучувањето во современите уметнички текови Узуновски и во изминтите години беше присутен во алтернативните пробиви на дел од помладите генерации уметници собрани околу неформалното колективно дејствување, иницијативата „Кооперација“ и нивната активност свртена кон критика на институционалната и идеолошки и политички детерминирана културна политика.
Изложби
Самостојни изложби, инсталации, интервенции
1977 Скопје, Галерија Ко-Ра
1977 Скопје, Аула на Филозпфскиот факултет (партиципативна инсталација „Галичица“)
1977 Скопје, улична интервенција пред Работничкиот универзитет
1978 Скопје, Изложба во подрумски простор (во подрумот на Ранчо Христов)
1979 Скопје, Работнички универзитет (со Слободан Живковски)
1983 Скопје, Клуб на новинари
1984 Скопје, Дом на млади „25 Мај“(инсталција „Пат за Волкодери“)
1984 Сараево, Дом на млади (партиципативна инсталација „Грмушка“ со Бењамин Шукриу)
1965 Скопје, Дом на младите „25 Мај“ (со Крсте Џидров)
1992 Скопје, Галерија ЈАТ
1993 Скопје, Галерија Младински културен центар (со Слободан Живковски)
1995/97 Скопје, Куманово, Битола, Музеј на град Скопје, Уметничка галерија, Уметничка галерија, 20 години творештво
2002 Бардовци, Хавзи Пашини конаци (работилница со студенти од Архитектонски Факултет, Скопје, во рамките на проектот Art City)
2004 Скопје, Музеј на град Скопје, Ведути од Капри
2022 Скопје, Музеј на современата уметност, Пат за Волкодери-Ретроспектива
Групни изложби, инсталации
1966 Белград, Дом на млади
1978 Охрид, Конаци на Св, Климент
1978 Струга, Дом „Браќа Миладиновци“
1978 Скопје, Аула на Филозофски факултет, Недела на млади творци
1983 Скопје, Музеј на современата уметност, 2 Биенале на македонската архитектура (сценографии)
1984 Скопје, Дом на млади „25 Мај“, Нови појави во македонската ликовна уметност во последната деценија (инсталација Амбиент“)
1984 Скопје, Дом на млади „25 Мај“
1984 Скопје, Музеј на современата уметност, 40 години македонско ликовно творештво 1944-1984
1984 Зрењанин, Современа галерија, Predeo kao povod - prostor kao ishodište, II zrenjaninsko bijenale jugoslovenske likovne umetnosti
1985 Скопје, Музеј на современата уметност, Современа македонска ликовна уметност
1986 Скопје, Музеј на современата уметност (инсталација во рамките на изложбата Шемов – Фидановски: акции и интервенции 1973–1985)
1986 Скопје, Музеј на Македонија, 80-те години во македонската ликовна уметност
1986 Бања Лука, Уметничка галерија, XXII Jesenji salon, Materijal kao izazov
1987 Скопје, Музеј на современата уметност, Подарени дела 1983-1986
1987 Скопје, Музеј на Македонија, Геометризмот и неговите видови во македонското сликарство
1987 Скопје, Културно информативен центар, „Сликарство Мал формат“
1988 Скопје, Дом на млади „25 Мај“, Цртеж...Цртеж-Објект, Ликовен круг „25“
1988 Скопје, Дом на млади „25 Мај“, Интервенции во простор
1995 Скопје, Чифте Амам (инсталација „Небо Ниви Машина за пишување Следната сезона“)
1995 Скопје, Чифте Амам, интервенција во рамките на 2 СИАБ’95
1996 Скопје, Чифте амам 2 (инсталација „Академија“)
1997 Скопје, Чифте амам 3 (инсталција „Јајце“)
2001 Скопје, Културно Информативен Центар, Македонски уметници и Италија
2001 Скопје, Музеј на современата уметност, Слика на крстопат
2003 Скопје, Музеј на современата уметност, Идеја-тека - избор на документи за концептуалниот дискурс во Македонија 2006 Хамбург, Kampnagel, Das Künstler im Gespräch. Mit wem sprischt der makedonische Künstler?
2011 Скопје, Музеј на современа уметност, Невидливиот пејсаж
2012 Скопје, Музеј на современа уметност, Донации, аквизиции 2000-2011
2012 Скопје, бул. 8-ми Септември, бр. 4, Кооперација, Лични политики
2012 Скопје, Приватен стан (семејство Вилиќ), Кооперација, Стратегии на сеќавањето.
2013 Загреб, Galerija Greta, Izložba inicijative Kooperacija, Strano tijelo
2013 Скопје, Туристички сојуз на Скопје, ул. Даме Груев, бл.3, бр.5, Кооперација, Каде се сите?
2013 Скопје, Младински културен центар, Бела ноќ
2014 Скопје, Музеј на современата уметност, Солидарноста – недовршен проект?, Постојана поставка
2017 Скопје, Музеј на современата уметност, Македонска разгледница
2018 Скопје, Галерија „ Остен“, Визуелните уметности во Македонија - ХХ век/Мултимедијална уметност
2020 Скопје, Музеј на современата уметност, Главните пунктови во македонската ликовна уметност во 70-те и во 80-те
2020/2023 Скопје, Музеј на современата уметност, Проект и судбина, Постојана поставка (во подготовка)
Одбрана Библиографија
Абаџиева, Соња (2002), Преобразби 2: модалитети на македонската модерна и современа скулптура /
Transformations 2: modalities of Macedonian modern and contemporary sculpture, Скопје: Музеј на современата уметност, стр.70.
Абаџиева, Соња (2003), Предговор, во: Идеја-тека, Избор на документи за концептуалниот дискурс во Македонија (уредник Соња Абаџиева) /
Idea-theque, Documents on conceptual discourse in Macedonia, Скопје: Музеј на современата уметност, стр, 19, 28.
Абаџиева, Соња (2017), Визуелните уметности во Македонија во XX век. Кн. 2, Мултимедијална уметност: инсталација, амбиент, перформанс, концептуална уметност, хепенинг, боди арт, ленд арт, сиромашна уметност /
Visual arts in Macedonia in the 20th century. Book 2, Multimedia art: installations, ambient art, performances, conceptual art happenings, body art, land art, arte povera , Скопје : Остен.
Абаџиева, Соња (2018), Симон Узуновски (1949 - 2018), https://okno.mk/node/75472
Богоева, Катерина (2011), Капри е моја духовна бања, Интервју со Симон Узуновски, utrinski.com.mk, 11.10.2011.
Бочварова Плавевска, Марика (2011), Невидливиот пејзаж /
Invisible Landscape, Скопје: Музеј на современата уметност.
Бочварова Плавевска, Марика (2020), Главните пунктови во македонската ликовна уметност во 70-те и во 80-те /
The Major Milestones in the Macedonian Fine Art in 70s and 80s Скопје: Музеј на современата уметност.
Vasev Dimeska, Viktorija (1984) Performans, вo: Predeo kao povod, prostor kao ishodište, II zrenjaninsko bijennale jugoslovenske likovne umetnosti, Zrenjanin: Savremena galerija, str.30-35; исто: во Идеја-тека, Избор на документи за концептуалниот дискурс во Македонија (уредник Соња Абаџиева), Скопје: Музеј на современата уметност, 2003.
Велевска, В. (1985), Моновју: Симон Узуновски, Млад борец, Скопје, 17.04.1985, 1481, 11
Велевска, Валентина (1985), Игра од втор ред, Субкултура во ликовната уметност, Млад борец, Скопје, 24.04.1985, 1482, 10
Величковски, Владимир (1984), Нови појави во македонската ликовна уметност во последната деценија, Скопје: Домот на младите „25 Мај“
Величковски, Владимир (1984), Нови појави во македонската ликовна уметност во последната деценија, во: Разгледи 4, Скопје, стр. 342-343, 352 (330-356)
Величковски, В. (1984), Активен однос. Интервенции на Симон Узуновски во Домот на младите „25 Мај“ во Скопје, Нова Македонија, Скопје. 3.06.1984,13421, 10
Величковски, В. (1985), Карактерот на сценографската кутија. Кон изложбата на сценографии на Симон Узуновски и Крсте С. Џидров во Домот на младите во Скопје, Нова Македонија, Скопје, 8.09.1985, 13876, 8
Величковски, Владимир (1986), Ликовен меѓупростор, Скопје: НРО Млад борец, стр.50-55
Величковски, Владимир (1998), Фрагментирани вредности (кон проучувањето на коцептуализмот и македонската уметност) /
Fragmented values (Toward study of conceptualism and Macedonian art) во: Големото стакло 7/8, The Large Glass N° 7-8, Скопје:
Музеј на современата уметност, стр.27 (21-33) Вилиќ, Небојша (1994), States of Changes? Постмодернизмот и уметноста на
осумдесеттите, Скопје: Феникс, стр.155
Вилиќ, Небојша (1995), Просторот како категорија на инсталацијата / во: Чифте амам, Скопје: Сорос центар за современи уметности
Vilic, Nebojsa (1999) The space as a category of the installation. Simon Uzunovski, во:
Few candies for Venice, Art in Macedonia at the End of Millenium, Skopje: Laurens Coster.